– Кога дојдов во Манчестер Јунајтед чувството беше неверојатно. Околу себе секогаш гледаш шампиони и среќни лица, со богата фудбалска историја. Договор со Јунајтед имам уште три сезони, а тогаш ќе навлезам во четвртата декада од животот. Немам ништо против Манчестер да ми биде последен клуб во мојата кариера бидејќи тука фудбалерите се осеќаат корисно од било која возраст – рече Ван Перси.
На девет натпревари до крајот од сезона, Манчестер Јунајтед е лидер на табелата со 15 бодови предност од второпласираниот Манчестер Сити и само чудо може да ја однесе титулата во “синиот“ дел од градот.