Ѕвездата на Манчестер Јунајтед Робин Ван Перси е најдобар напаѓач во
англиското фудбалско првенство според анализата што ја направи „Дејли
мејл“, споредувајќи го учинокот на водечките напаѓачи во Премиершипот во
нивните последни 100 натпревари.

Холанѓанецот ја победи конкуренцијата во која беа неговиот тимски колега
Вејн Руни, напаѓачот на Манчестер Сити Карлос Тевез, напаѓачот на Челзи
Фернандо Торес, како и Џермаин Дефо од Тотенхем и Дарен Бент од Астон
Вила. Ван Перси во последните 100 настапи даде 73 гола и запиша 29 асистенции, или еден гол на секои 109,9 минути.

Зад Ван Перси се наоѓа Руни со 65 голови и 25 асистенции, додека трет е Тевез со 55 голови и 21 асистенција. Најлош учинок има Торес кој во 100 настапа постигна 31 гол и имаше 11 асистенции.

„Знаев кого купувам. Ван Перси е играч кој создава предност на теренот.
Неговата статистика е одлична и направивме одлична зделка кога го
купивме“, ја коментираше анализата менаџерот на Манчестер Јунајтед Алекс
Фергусон.

“Макфакс“