– Во Манчестер сите се чувствуваат како шампиони и за брзо време тоа чувство го префрлија на мене. Тука сите имаат победнички цели и си помогаат да ги остварат тие. Сезонава покажавме голем карактер затоа сме првопласирани на табелата – потенцираше Робин ван Перси.
Менаџерот на “црвените ѓаволи“, Сер Алекс Фергусон лично со Арсен Венгер преговарал за доведување на Ван Перси на Олд Трафорд. Тоа и то како се исплатеше откако Холанѓанецот постигна клучни голови за победи сезонава.