Преговорите се соочуваат со сериозни проблеми, односно не се почитува дадениот збор, изјави вчеравечер Питер Ванхауте, медијатор во преговорите меѓу работните групи на партиите кои расправаат по точките од договорот од Пржино.

„Доколку договорите крајни рокови тие треба и да се испочитуваат“, рече Ванхауте, при тоа додавајќи дека во моментов една од најголемите партии не го почитува рокот и исто така не го почитува и договорот.

Тој додаде дека во Европа постои систем на вредности и дека Македонија треба да ги почитува тие вредности, доколку сака да биде дел од европското семејство.

„Тоа значи дека секој функционер е должен и е одговорен пред народот. Тие треба да покажат одговорност пред граѓаните, и на одговорен начин да им објаснат што работат, а тие да имаат можност тоа да го прифатат или одбијат. Ако има сомнеж за можна злоупотреба, тогаш тоа треба да подлежи на кривично гонење“, рече Ванхауте.

OhridNews

Извор:„Макфакс“