Македонскиот најтрофеен клуб Вардар останува во Првата лига, откако  Миравци му го отстапи местото во фудбалска „елита“. Во новата сезона македонскиот најтрофеен клуб ќе го носи името ФК Вардар 1947 и под тоа име ќе настапува во Првата лига, додека Миравци сега ќе се вика ФК Миравци 1951 година.


Фузијата е следна: Ќе се формираат две нови фудбалски имиња, Вардар 2011 кој ќе се натпреварува во Првата лига со тоа што ќе ги превземе натпреварувачките права од ФК Миравци, додека од „стариот“ Вардар ќе го превземе континуитетот, сите пехари и обврски. Второто име е Миравци 2011 кој ќе ги превземе натпреварувачките права од Вардар и ќе се натпреварува во Втората лига, додека од „стариот“ Миравци ќе го превземе континуитетот, сите пехари и обврски.

Потоа, ќе се формираат нови „трети“ субјекти, односно ФК Вардар 1947 кој ќе ги превземе натпреварувачките права и сите обврски од Вардар 2011, и ќе се натпреварува во Првата лига. Вториот „трет“ субјект ќе биде ФК Мираци 1951 и тој ќе ги превземе сите права и обврски од ФК Миравци 2011.

“извор Курир“
Ohridnews