Кошаркарскиот прволигаш Вардар 2000 е против враќањето на Амак СП во Првата лига, а својот став нема да го изнесат на состанок на Здружението бидејќи го бојкотираат.

– Ние не сме против Амак СП како клуб, но мора да се почитуваат правилата. Штом сте загубиле два меча со службен резултат, се знае што следува – вели почесниот претседател на клубот, Владимир Воиновски за “Дневник“ и  додава дека браќата Војдан и Дамјан Стојановски биле позајмени на шест месеци во охридскиот клуб, но тие потпишале 18-месечни договори и една година нерегуларно го носеле дресот на Амак СП.

ohridnews