Фудбалски клуб Вардар 2011 ќе биде новото име на ФК Вардар, најтрофејниот македонски клуб кај нас, пишува Дневник , според интернет-страници во Македонија. Таква информација кружеше во спортските кругови кај нас во последно време, откако Градот Скопје го презеде управувањето.


Првично се шпекулираше со додавката 1947, како симбол на годината кога е основан Вардар. Клубот, кој има 64-годишна традиција и е симбол на македонскиот спорт, според вчерашните најави, веќе договорил фузија со ФК Миравци и ќе игра во Првата лига.

Ohridnews