– Со ваква поддршка од трибините немам дилема кој е фаворит. Пред ваква публика ракометарите ќе го дадат она што го немаат. Но, не треба да ги понесе триумфот против Металург и да летнат во облаци во финалето зошто тоа скапо ќе ги чини – истакна селекторот на Македонија, Ивица Обрван за “Екипа.мк“.
Хрватскиот стратег Обрван минатата сезона ја прекина соработката со Загреб токму по поразот од Вардар Про во полуфиналето од СЕХА лигата.