Врховниот суд на Република Македонија донесе одлука по предметот во врска со настаните во Собранието на Република Македонија на 27 април 2017 година, согласно која за сите осомничени се укинуваат точките 2 и 3 од член 165 од Законот за кривична постапка, како основ за продолжување на мерката притвор и куќен притвор. 

За осомничените К.М., С.В., М.Ч., М.П., Д.Л., Г.Ѓ., О.П. и М.П. мерката притвор се заменува со мерка куќен притвор. Осомничемите З.С., Г.А., И.С., В.Т. и В.М. остануваат во притвор. 

За осомничените Љ.Д., Ј.Т., Е.Д.Б. и И.Д. за кои била определена мерка куќен притвор, истата се укинува и се определуваат мерки на претпазливост да се јавуваат еднаш неделно во основниот суд на чија територија имаат живеалиште. 

За осомничените С.М., М.М. и С.М. мерката куќен притвор останува, соопшти Врховниот суд.

OhridNews