– Силно ги осудуваме сите обиди од било кој и да е со вакви монтирани настани ја омаловажуваат болницата и бараме институциите да го разрешат овој случај – истакна на денешната средба со новинарите портпаролот д-р Сашо Василевски , во врска со објавување на слика со непристојна содржина на огласната табла во Управната зграда на болницата.


Василевски рече дека менаџерскиот тим на Општата болница и вработените се згорозени од конструкциите и подметнувањата кои што според него  ги прават СДСМ и Локалната самоуправа.

– Со постојаните напади врз Општата болница и вработените во неа кои се врвни професионалци коишто 24 часа се посветени на најхуманата работа, а тоа е да го чуваат животот и здравјето на граѓаните се достигна дното на оваа политичка некултура и атак врз инситуцаијата Општа болница, а тоа се покажа и на вчерашниот ден кога со груба манипулација беше поставена слика на огласната табла со непристојна содржина која е поставена од луѓе коишто влегле во Управната зграда заедно со некој новинар. Дали се работи за: Сам поставувам, сам снимам?! – запраша Василевски.

Менаџерскиот тим истакна дека во својата немоќ СДСМ и Локалната самоуправа од Охрид да излезат со било каков успешен проект ја напаѓаат Општата болница со лаги и манипулации за да се дискредитира установа во која што Владата на Р.Македонија во моментот инвестира огромни средства за реновирање, доградување, купување на најсовремена опрема во вредност од околу 5 милиони евра.

Од Општата болница велат дека нема да дозволат установата да биде омаловажувана а вработените ќе одолеат на сите напади и ќе продолжат професионално да ја извршуваат својата работа.

Ohridnews