Поранешниот македонски репрезентативец Александар Васоски е нов фудбалер на Вардар. Популарниот “Тетовче“ ќе тренира со екипата а право на настап ќе има кога ќе завршат формалностите со неговиот поранешен клуб Кавала.


Грчкиот тим поради местење натпревари беше преселен во 4-тата лига, по што 31-годишниот Васоски стана слободен играч.

Ohridnews