Вест Бромвич Албион без суспендираниот Горан Попов во составот го шокираше Ливерпул на Енфилд победувајќи го 2-0.


Капитенот на “црвените“ Стивен Џерард е трагичар на денешниот натпревар откако во 77-та минута не успеа да реализира удар од белата точка. Непишаното фудбалско правило го стигна Ливерпул и со головите на Мекаули во 81-та и Лукаку во 90-та минута избраниците на менаџерот Стив Кларк прокнижија огромни три бодови.


После победата на Ливерпул фудбалерите на ВБА се зацврстија на средината од табелата додека “црвените“ полека ги губат сите шанси за излез во Европа.

Мх.П.