Во Велгошти, охридско, вечерва, 13 август, во атарот на црквата „Св. Пекта“, во организација на Општина Охрид, ќе се одржи традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“.

Чествувањето ќе започне со полагање цвеќе пред спомен-обележјето на Живко Чинго, по што ќе има обраќање на претставник на Општина Охрид. Беседа за Живко Чинго ќе одржи академик Ала Генадјевна Шешкен, а манифестацијата ќе биде заокружена со културно – уметничка програма.

Манифестацијата почнува во 20.00 часот.

OhridNews