
-Се надевам дека тоа ќе биде уште еден поттик во морето интересни содржини кои ги прави не само Трпејца туку и другите туристички дестинации ние со нешто да се издвоиме и да направиме бренд. Бренд за Трпејца е зајдисонцето и белите камчиња и се надевам дека тоа ќе биде нашата приказна која во годините што доаѓаат ќе треба да ја развиваме и да ја нудиме на туристичкиот пазар.-изјави Милчо Јованоски, организатор на манифестацијата „На зајдисонце“.
Вечерна променада во Трпејца покрај оваа вечер, ќе има и во петок. На Охридското Езсро, помеѓу двата моста во Трпејца во чамци осветлени со факели и фенерчиња, ученици од ОМУ „Методи Патче“ од Охрид ќе изведуваат класични дела и преработки на стари македонски песни.

Манифестацијата „На зајдисонце“ во Трпејца се одржува по трет пат под покровителство на општина Охрид. Во рамки на манифестацијата се организираат хуманитарни работилници за изработка на бисерни камчиња и оригами, школа за пливање, кајакарска регата, шаховска школа и курсеви по Англиски јазик. Сите случувања „На зајдисонце“ се бесплатни.
Г.М.











