Вечерва на турнирот во мал фудбал „Велгошти 2026“ ќе бидат комплетирани полуфиналните двојки.
На програмата се преостанатите два четвртфинални натпревари, кои се очекува да донесат нова доза неизвесност и атрактивен фудбал во борбата за место меѓу четирите најдобри екипи.
Програмата започнува во 21:00 часот со дуелот меѓу Сатеска и Екстра Скопско, а од 22:00 часот силите ќе ги одмерат Асп Пак и БЗ Груп.
Претходно ласман во полуфиналето обезбеди Златара Бени Ерол, додека екипите на Инекс Олгица Хотел и Спа и Др. Баткоски, со одлула на организаторот се исклучени од турнирот поради неспорртско однесување.
OhridNews













