Професионална презентација наречена „Вечер на боречките вештини“ ќе се одржи вечерва во Центарот за култура во Охрид. Почетокот е закажан за 19.00 часот. Презентери на неколку традиционални јапонски вештини ќе бидат членовите на три клуба од Охрид и Струга кои веќе осум години ги шират благородните вредности на аикидо и карате-до. „Аики Дојо“ и „Карате Клуб Самурај“ од Охрид заедно со „Аики Дојо Струга“ ги покануваат љубителите на далекуисточните борбени вештини и сите кои сакаат да ги видат вистинските вредности на овие вештини – самоконтрола, почит и ненасилство.

Влезот е слободен.

АИКИДО дефиниција: Самоодбрамбена вештина која не користи оружје, во поново време признаена како спорт .
АИ – хармонија, КИ – дух, ДО – обичај