Со натпреварите за третото место и големото финале, вечерва ќе биде спуштена завесата на 51. издание на традиционалниот турнир во мал фудбал „Петровден – Мешеишта“, едно од најпрестижните спортски случувања во регионот.

Финалната програма започнува во 21 часот со дуелот за третото место меѓу Златара Бени Ерол и Др. Баткоски, а од 22:30 часот за шампионскиот пехар ќе се борат бранителот на титулата АСП ПАК и Хотел и Спа Инекс Олгица, кои со убедливи победи во полуфиналето обезбедија место во завршниот натпревар.

Организаторите очекуваат преполни трибини и уште една спектакуларна завршница на турнирот, кој повеќе од пет децении претставува препознатлив спортски бренд и традиција во Мешеишта.

Љубителите на малиот фудбал кои нема да можат да бидат на трибините, натпреварите за третото место и финалето ќе можат да ги следат во живо преку платформите на Охридњуз и на официјалната Фејсбук страница на турнирот „Петровден – Мешеишта“, каде е обезбеден директен пренос кој почнува во 21 часот.

OhridNews