Вечерва во Куќата на Робевци со почеток во 19:30 часот ќе биде отворена изложбата „Малесија низ старите фотографии“ на Љупчо Паункоски.

Дојдете заедно да ги оживееме спомените, народната носија, традициите и духот на едно време зачувано низ старите фотографии, вели Паункоски.
Настанот се реализира под покровителство на НУ Завод и Музеј Охрид, Фото клуб Охрид и Општина Охрид.
OhridNews












