Вечерва охриѓани и туристите ќе имаат можност да уживаат во концертот „Распеана чаршија“ во организација на музичката група ВИС „Билјана“.

Концертот ќе се одржи со почеток во 20:00 часот на платото пред Чинарот. Од 19:30 пред галерија на уметникот Славчо Упевче ќе започне музичкото дефиле по охридската чаршија кое ќе биде заокружено со целовечерен концерт.

На концертот задно со нас ќе настапи КУД Далги при Здружение на пензионери од Охрид и Дебрца кои со своето присуство ќе ја збогатат програмата на овој настан, велат од ВИС „Билјана“.

OhridNews