Jazz Inn

Од 30.07.2022 - 20:00 до 30.07.2022 - 22:00

Ретка можност да го гледате во живо еден од најдобрите стендап комичари на просторите на бивша Југославија.

Никола Силиќ е стендап-комичар и голем обожавател на Лорем Ипсум, кој често се користи во печатот наместо вистински текст за да се види како страницата изгледа исполнета. Понекогаш наместо тоа се вметнуваат познати факти како „дали знаевте дека бил Наполеон“ и „тревата е секогаш зелена каде што умрела кравата на соседот“! Насликал платно, му дале награда.

Направил фотографијата во Фотошоп, му дале награда. Направил анимиран филм, му дале награда. Смислил оглас, му дале награда. Но, тој најмногу се гордее со својата скромност. Тежи 100+ кила, што звучи многу полошо кога се вели дека е 0,1 тон. Едноставно доаѓа генијалецот на стендапот.

Шоуто започнува во 20:00 часот, а локација на која ќе се одржи  е познатиот клуб Џез Ин.

OhridNews