Со две полуфинални пресметки вечерва продолжува 28. издание на турнирот во мал фудбал „Богородица куп 2026“ во Волино. Четири екипи останаа во трката за трофејот: Сатеска, ДОЕЛ Ноче, Инекс Олгица и БЗ Груп.

Од 21:30 часот за место во големото финале ќе се борат Инекс Олгица и БЗ Груп. Инекс Олгица во четвртфиналето беше убедлив против Викса Пром со 10:0, додека БЗ Груп по пенали го елиминира Аце Најдески.

Второто полуфинале започнува во 22:30 часот, а силите ќе ги одмерат Сатеска и ДОЕЛ Ноче. Сатеска до полуфиналето стигна по пенал-драмата против Асп Пак, додека ДОЕЛ Ноче, исто така по изведување пенали, го елиминира Чардак Велгошти.

Полуфинале – 26 август:

21:30 Инекс Олгица – БЗ Груп
22:30 Сатеска – ДОЕЛ Ноче

За сите љубители на малиот фудбал кои нема да бидат во можност да ги следат натпреварите од трибините во Волино, OhridNews ќе реализира директен пренос (LIVE STREAM) од двете полуфинални средби.

Победниците од вечерашните пресметки ќе се борат за трофејот во големото финале на 28 август, кога ќе биде спуштена завесата на годинашното издание на „Богородица куп“.

Г.М.