Вечерва ќе биде промовирано реизданието на песнарката „Охридски музички бисерник“ од Андреј Лаброски во Музејско-културниот центар „Лапидариум“ со почеток во 19:30 часот.
На наше големо задоволство имаме чест да ве покануваме на промоцијата на реизданието на песнарката „Охридски музички бисерник” напишана од Андреј Лаброски. Вашето присуство на овој настан многу ќе ни значи, велат од ВИС „Билјана“.
Посочуваат дека како и секоја година во чест на Андреј и годинава ќе се одржи хуманитарниот концерт насловен „Пријателите во чест на Андреј Лаброски” на платото на плажата Сарајште на 16.07.2026 со почеток во 19:30 часот.
Оваа година на самиот настан ќе се продава песнарката „Охридски музички бисерник” по промотивна цена од 400 денари, а сите средства собрани на настанот ќе бидат донирани во хуманитарни цели, додаваат од ВИС „Билјана“.
ВИС „Билјана“ секоја година преку концерти, креативни настани и промоции му оддаваат почит на нивниот колега и голем другар Андреј кој прерано го напушти овој свет.
OhridNews














