Самостојна изложба „Дијаграми на отелотворување“ на уметникот Иванчо Талевски ќе биде отворена вечерва во 20:00 часот во Куќата на Робевци – НУ Завод и Музеј Охрид. Ова е прва самостојна изложба на Иванчо Талевски во Охрид.

Цртежите произлегуваат од секојдневните прошетки низ двата града и создаваат еден вид меѓупростор во кој се вкрстуваат различни географии, јазици, сеќавања и идентитети. Преку нив, авторот ги истражува односите меѓу телото и тлото, индивидуалната и колективната меморија, минатото и можните иднини.
Во изложбениот проект е вклучено и новото дело „Дремка ми се дреме“, создадено како пресек меѓу јазикот на цртежот и долгогодишното експериментирање на авторот со сликарскиот израз.

Добитник е на повеќе меѓународни награди, признанија и грантови, меѓу кои и поддршка од фондациите „Полок-Краснер“, „Елизабет Гриншилдс“ и Фондацијата за иновации во уметноста „Сакс“.
Влезот е слободен.
OhridNews













