Со два натпревари вечерва ќе биде комплетирана групната фаза на традиционалниот турнир во мал фудбал „Велгошти 2026“, по што ќе бидат познати сите учесници во елиминациските натпревари.
Програмата започнува во 21:00 часот, кога ќе се сретнат Студио 13 и Екстра Скопско, а веднаш потоа, од 22:00 часот, на теренот ќе излезат Др. Баткоски и Дооел Ноче.
Последните натпревари од групната фаза се очекува да донесат нови возбудувања и неизвесност во борбата за што подобар пласман пред почетокот на нокаут-фазата, каде веќе нема простор за поправен.
OhridNews













