Вечерва, во дворот на гимназијата “Св.Климент Охридски”, со почеток во 20 часот, ќе се одржи свеченото доделување на дипломи на генерацијата матуранти 2018/2019.
Настанот ќе започне со изведба на химната на Република Северна Македонија, по што ќе следи презентација на класовите. Обраќање пред присутните ќе има градоначалникот на Охрид, Константин Георгиевски и директорот на Гимназијата, Весна Цветкоска.
По обраќањата ќе се изврши доделување на награди на ученици, а ќе има и музичка изведба од ученици и обраќање кон генерацијата.
Настанот ќе заврши со изведба нан химната Гаудеамус Игитур и фрлање на капите.
OhridNews












