Од ОК на ВМРО-ДПМНЕ информираат дека вечерва, со почеток во 19 часот пред општинскиот комитет ќе се одржи масовен народен собир на членовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Како што наведуваат од ОК целта на собирот е да се покаже политичката сила на ВМРО ДПМНЕ и воедно да се укаже дека секогаш треба да се почитува волјата на народот и националниот интерес на Македонија. Додаваат дека ВМРО ДПМНЕ на овој начин ќе покаже  и докаже дека е против било какви задкулисни политички игри кои водат кон двојазичност, федерализација и разнебитување на државата.

На присутните на собирот се очекува да им се обратат претставници од партијата.

OhridNews