„Имам нешто да ти кажам“ е поетско читање кое по втор пат ќе се случува вечерва од 20 до 21.30 часот, во уметничкото катче на охридскиот кафе бар „Шила“.

-Настан на кој може да се пријави кој било (без ограничувања) со своја поезија. Простор и можност каде секој човек што сака, може да ја изрази својата уметничка мисла. Како прво од овој тип во нашиот град, не е од натпреварувачки карактер. Зависно од заинтересираноста на учесниците и љубителите, отворен е патот како би можело да се развие понатаму. Се’ уште има простор и можност за пријавување, па доколку тоа сте вие или знаете некој ваш пријател кој би сакал да ја сподели својата поезија можете да се пријавите на Фејсбук страната на „Шила“. – велат организаторите.

OhridNews