Вечерва во црквата „Св. Софија“ со почеток од 21:00 часот, ќе настапи камерниот оркестар „Гудачите на Св. Ѓорѓе“ во рамките на фестивалот „Охридско лето“.

Оркестарот е формиран во 1992 година по иницијатива на поранешните ученици на Училиштето за музички надарени деца во Чуприја и професор Петар Ивановиќ.

Со освојувањето на првата награда на Меѓународниот натпревар на музичката младина во Белград во 1996, оркестарот го потврди својот углед на еден од највпечатливите ансамбли во Србија.

Оркестарот има остварено повеќе од 1600 концерти на сцените низ светот. Во периодот 2006-2011 година, кога уметнички директор беше познатиот виолинист Гордан Николиќ, тие ги изведоа сите виолински концерти на Моцарт.

Репертоарот на оркестарот го сочинуваат делата од барок до современото творештво, а голем број српски композитори им ги посветиле своите дела. Оркестарот има издадено 17 компакт-дискови и има остварено бројни радио и телевизиски снимки.

OhridNews