Вечерва започнува второто издание на Ohrid Cocкtail Festival
03.07.26 09:21
Денес и утре во Охрид ќе се одржи второто издание на Ohrid Cocкtail Festival. Организаторите, BNJ production, најавуваат збогатена програма, коктели што раскажуваат приказни, музика што ги спојува луѓето и одлична атмосфера.
Годинава на Фестивалот учество ќе земат 14 барови од 4 градови, а новина е „Бар Шоу“ кое почнува од 18 часот и посетителите ќе можат да уживаат во двочасовна презентација и дегустација на премиум жестоки пијалаци.
Двата дена од 20:00 часот до 01:30 имаме музичка програма и започнуваат баровите со работа. Сите барови ќе излегуваат со сопствени коктели, коишто ќе ги продаваат по промотивна фестивалска цена. Во поглед на програмата, исто како лани, имаме поп-рок музика, односно диџеи и бендови, велат организаторите.
Музичката програмата започнува од 20 часот, а посетителите вечерва ќе ги забавуваат Urban Planet, No FUN, DJ Vanco, DJ Jaybeats и DJ Gec. Утре од 18:00 часот повторно ќе има „Бар Шоу“, a подоцна од 20:00 часот започнуваат баровите и музичката програма. Оваа вечер за забавата ќе бидат задолжени DJ Dostin, DJ Mario кој ја отвора втората вечер, потоа Brass Brothers и на крај вечерта, односно фестивалот го затвора DJ Face.
Минатата година на Фестивалот имало преку 10 000 посетители, а очекувањата се годинава нивниот број да биде над 15 000.
Ohrid Cocкtail Festival ќе се одржи на кеј „Македонија“ пред хотелот „Палас“.
Вчера во 18:10 часот во СВР Охрид лице од Скопје пријавил дека неговиот 32-годишен син со кого престојувал во автокамп во Охрид го напуштил кампот по што, на плажата пронашол дел од неговите алишта...
Австралиско-македонскиот комичар, автор на содржини и водител на подкаст емисија – My Cousin Vlad роден како Саш Мишевски, на 23 септември пристигнува во Охрид со своето актуелно шоу „Total S...
Делегација од Министерството за регионална соработка на Израел којашто е во неколкудневна официјална посета на државава денес оствари средба со градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков На ср...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.