Подготовките за традиционалниот турнир во мал фудбал „Велгошти 2026“ влегуваат во завршна фаза. Вечерва, со почеток во 20 часот, во Домот на културата во село Велгошти, ќе биде извршена ждребката, по која ќе бидат познати групите и распоредот на натпреварите.

Организаторите очекуваат уште едно возбудливо издание на турнирот, кој и оваа година ќе собере голем број екипи и љубители на малиот фудбал.

Првите натпревари на турнирот „Велгошти 2026“ ќе се одиграат во петок, 17 јули, со што официјално ќе започне новото издание на оваа традиционална спортска манифестација.

OhridNews