Харизматична, згодна и секогаш насмеана. За актерката Лидија Вукиќевиќ која долги години е на театарската и филмска сцена ( „Бољи живот”, „Жикина династија“…), времето како да застанало. Таа и натаму зрачи со истата ведрина и позитивна енергија, која вечерва ја пренесе на сцената во Центарот за култура во Охрид, каде Лидија Вукиќевиќ настапи во театарската претстава „Чекајќи го министерот“ –  хит-комедија  во која играат уште и нашиот актер Сашо Ристовски и Семир Гигиќ, кој воедно е автор на текстот и режисер на претставата.

По театарскиот настап, Лидија Вукиќевиќ и актерската екипа која е на турнеа низ Македонија, имаа вечера во ексклузивниот ресторан „Харбур“, кој е еден од најрепрезентативните угостителски објекти во градот.

Лидија Вукиќевиќ, иако во зрели актерски години, и натаму е професионално активна и присутна во јавноста. Работи на бројни проекти, а редовно е присутна и во медиумите.

OhridNews