Вејн Руни е нова трансфер мета на богатите шеици кои се сопственици на клубот ПСЖ. Шеиците се подготвени да платат 45 милиони евра за услугите на англискиот репрезентативец.

Сезонава Руни заедно со новиот соиграч Робин ван Перси се предводници на Манчестер Јунајтед. “Ѓаволите“ сигурно чекорат кон титулата во Премиер Лигата додека во Лигата на Шампиони пречка во 1/8 финалето им е Реал Мадрид.

Во неколку наврати сопствениците на ПСЖ покажаа дека не жалат средства за донесување на нови фудбалери. Во период од две години “светците“ се засилија со Ибрахимовиќ, Бекам, Лавеци, Пасторе, Тијаго Силва, Менез, Лукас Моура и Алекс.

Мх.П.