Синоќа во 23.45 часот, во СВР Охрид, 33-годишен жител на охридското село Велгошти, пријавил дека во куќен двор во селото Лескоец, физички бил нападнат од 30-годишно лице од истото село. Напаѓачот е приведен во полициската станица и против него, ќе бидат поднесени соодветни пријави, информира СВР Охрид.

На 11 ноември 27-годишна опхриѓанка во полицијата пријавила дека претходниот ден, на булеварот „Асном“ во Охрид била нападната од куче скитник. Притоа, се здобила со повреди на левата нога, констатирани во Општата болница во Охрид.

Поради постоење основи на сомнение дека сторил казнено дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 47-годишен охриѓанец. При контрола извршена на 28.10.2020 год.ина, полициските службеници констатирале дека пријавениот го напуштил својот дом и не го почитувал решението издадено од Државниот здравствен и санитарен инспекторат -Охрид со кое, му е одредено здравствен надзор и домашна изолација во траење од 14 дена.

OhridNews