Осумнаесетгодишен охриѓанец К.И.(18) од Охрид, вчера во полициска станица пријавил дека претходниот ден  во угостителски објект лоциран на улицата „Кленоец“ во Охрид, бил физички нападнат од жител на Велгошти.

По целосно документирање на случајот, СВР Охрид против напаѓачот ќе поднесе соодветна пријава, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски.

Поради постоење основи на сомнение дека е сторител на кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, СВР Охрид, поднесе кривична пријава против 33-годишно лице од с.Требош, општина Желино.

Тој, во близина на ноќен клуб во Охрид, во неговото патничко возило, бил затекнат од полициските службеници како на лице од Тетово му овозможува користење кокаин. При преглед, кај пријавениот се пронајдени и одземени кокаин и марихуана, соопшти полицијата.

ОВР Струга до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против 39-годишно лице од струшкото село Велешта, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда“.

Тој, на 10.10.2020 година во Струга, пресретнал 59-годишен жител на селото Франгово и упатувајќи закани, побарал да му го исплати наводниот паричен долг од неговиот син во износ од 20.000 швајцарски франци, информира СВР Охрид.

OhridNews