Рускиот претседател и премиер Владимир Путин, Дмитриј Медведев, московскиот градоначалник, заедно со уште илјадници верници присуствуваа на синоќешната полноќна Велигденска литургија што се одржа во храмот на Христос Спасителот во Москва.
Рускиот патријарх Кирил кој служеше со литургијата нагласи дека Велигден е најголемиот христијански празник кој ја симболизира победата на животот над смртта.
„Човековата култура стравува од она што нè очекува од другата страна на земниот живот, односно од што ќе ни се случи по смртта. Тоа сè уште е тајна и нерешено прашање за неверниците. Сепак, ние христијаните не се плашиме од одговорот, бидејќи ја славиме победата на Христа над смртта“, рече патријархот Кирил во обраќањето кон верниците.
На литургијата присуствуваа и бројни јавни личности од Русија.