Дрвокрадците не запираат со опустошување на шумите ниту за празниците. Во заедничка акција на Шумската полиција од Охрид, шумски полицаец од Струга и Шумско – стопанската единица Ќафасан, денеска, околу пладне, во атарот на селото Вишни, струшко, откриена е беспрсвна сеча на буково огревно дрво.

Бесправно посечената дрвна маса е одземена и записнички предадена на овластен шумочувар од П.С.С. „Јабланица“ Струга, информираат извори од истрагата.

OhridNews