Хуманитарен Велигденски базар на плоштадот Крушевска Република (Чинар) во организација на ОО Црвен крст Охрид.

На овој базар ќе се продаваат изработки од волонтерите од Програмата Црвен крст во акција – промоција на хумани вредности (ЦКА-ПХВ) и од волонтерите од Програмата за грижа за стари лица при Црвен крст Охрид, информираат од организацијата.

Базарот се организира во рамки на хуманитарни активности на Црвен крст Охрид, а во пресрет на Велигденските празници.

Базарот нашите сограѓани можеа да го посетат вчера, но ќе биде поставен и денес и утре во период од 12-15 часот.

Средствата собрани од продажбата на овие изработки ќе бидат искористени во рамките на ЦКА-ПХВ за помош на семејство во социјален ризик и Неделата на солидарност, додаваат од ОО Црвен крст Охрид.

OhridNews