Во основното училиште „Григор Прличев“ се одржа велигденски базар со продажен карактер. Учество зедоа сите ученици од одделенска настава, при што се покажа големата креативност и квалитет со кој беа изработени продажните експонати.
– Ентузијазмот кај учениците беше голем, но најголем впечаток оставија учениците од прво одделение со оделенскиот раководител Сузана Илоска. Овие ученици беа најуспешни и изработките ги продадоа во најкраток можен рок. Атмосферата беше извонредна, учениците беа весели и во нивните очи се гледаше возбуда и желба за успешна продажба, велат од училитето.
OhridNews















