Велики Петок или уште се нарекува и Распет Петок, е денот кога Исус бил фатен, мачен и распнат на крст. На Велипеток Исус бил осуден и мачен, на грбот му ставиле голем дрвен крст кој требало да го носи до местото Голгота за да биде распнат. Му ставиле и венец од трње на главата и му се потсмевале со зборовите: „Радувај се царе јудејски“. Бил распнат заедно со двајца војници, а кога војниците го заковувале на крстот тој се молел за нив: „Прости им Господи, не знаат што прават“. Кога Исус умрел се случиле повеќе натприродни феномени: „И наеднаш се расцепи црковната завеса на два дела, од горниот крај до долниот, и земјата се затресе и карпи паднаа, и гробови се отворија и многу тела на упокоени светии воскреснаа.

На Велики Петок во црквите се изведува и обредот симболично погребување на Исус Христос. Тоа се прави на тој начин што платното наречено „плаштеница – плаштаница“ се положува врз посебно подготвен симбол на Христовиот гроб. Поминувајќи под плаштеницата, верниците сочувствуваат со распнатиот Исус. Исто така се поставува и „Распетието Христово“ (крстот на кој е насликан распнатиот Исус) пред кој верниците се поклонуваат и Исуса го бакнуваат во раните на нозете.
Поради актуелната состојба со коронавирусот Ковид 19, богослужбите за Велигденските празници во сите парохиски храмови ќе започнат еден час порано од вообичаено, информираат Македонската православна црква-Охридска архипископија. На Велики Петок богослужбата ќе започне во 17 часот. Велогденската богослужба, пак, во сабота вечерта, ќе започне во 23:30 часот.
Јасминка Т. Момироска
					



							






