Последниве години, Владиното финансирање на медиумите, преку голем број кампањи остави темна дамка врз слободата на медиумите. Се загуши слободата на медиумите преку изразито партиско и Владино влијание, рече на денешната прес конференција кандидатот за пратеник од СДСМ, Митре Велјаноски.


– Новата Влада на СДСМ ќе воведе строга контрола на трошењето буџетски пари за медиумски кампањи. Нема да спроведуваме цензура и ќе обезбедиме слободен пристап до информации. За разлика од актуелната,  новата Влада нема да биде главен и одговорен уредник на медиумите во државата. Тоа е работа на новинарите, а не на премиерот и министрите, потенцира Велјаноски.

Тој додаде дека новата Влада ќе воведе строги санкции за носителите на функции кои нема да ги почитуваат правилата за транспарентност при трошење државни пари, ќе ја трансформира МРТВ во модерен, европски радиодифузен сервис за сите граѓани и ќе понуди конкретен план за трансформацијата на Јавниот сервис.

OhridNews