Вчера околу 12:45 часот, на регионалниот пат Охрид-Св.Наум, кај населбата „Елешец“ во Охрид, случена е сообраќајна незгода во која, патнички автомобил „Фоксваген Пасат“ со штипски регистарски ознаки, управуван 26-годишно лице од Пробиштип, удрил во велосипед „Вислер“, управуван од 54-годишен стружанец.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот на кого му е укажана лекарска помош во Болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. – информира СВР Охрид.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид.
OhridNews












