Поради неповолните временски услови велосипедската тура околу Охридското Езеро по повод Денот на Европа која беше предвидено да се одржи денес се одложува, но ќе биде реализирана во целост на новиот термин, велат од Европската куќа Струга кои ја организираат истата во соработка со Општина Струга и спортскиот клуб Соларис.
Имаме нов датум за прославата на Денот на Европа во Струга – се гледаме на 6 јуни. Со вело турата околу Охридското Езеро: Струга – Поградец – Охрид – Струга, Европската куќа испраќа порака за одржлива мобилност и заеднички европски простор. Паралелно со турата, во Струга ќе се реализира целодневна програма за целата заедница — работилници, детски зони, музичка програма и активности на отворено. Се гледаме на 6 јуни во Паркот на поезијата, велат организаторите.
Вело турата е во должина од 90 километри, а учесниците може да очекуваат заедничко возење низ три града и нови познанства по пат, освежување и музички пунктови што ја прават турата позабавна, полициска и медицинска поддршка за безбедно искуство, брендирани материјали и заеднички финиш и ручек како завршница на денот.
OhridNews













