Фудбалерите на Пари Сент Жермен, Марко Верати и Андер Ерера му честитаа на Манчестер Сити за триумфот во полуфиналната пресметка и пласманот во финалето, но го обвинија холандскиот судија Бјорн Кјуперс дека во текот на натпреварот повеќе пати ги вреѓал и провоцирал.

Единствено нешто со што неможам да се помирам е однесувањето на Кјуперс, кој повеќе пати ми рече „да одје***“, нешто што нема допирна точка со фудбалот. Почна да дели жолти картони и станавме нервозни, но тој продолжи со грдиот речник, – изјави Верати.

Шпанецот Андер Ерера додаде дека со свои уши слушнал како Кјуперс дрско се однесува кон Паредес. – Слушнав и неверував. Ние, фудбалерите да упатиме такви зборови кон судијата ќе добиеме црвен картон и минимум четири меча суспензија, – рече Ерера.

Манчестер Сити билетот за финалето го зграпчи со две победи над Пари Сент Жермен. „Граѓаните“ во Париз славеа со 2-1, а синоќа, на „Етихад“, победија 2-0.

OhridNews

 

ЛШ: Марез му пресуди на ПСЖ, историско финале за Манчестер Сити (видео)