Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, петти пат по ред беше најбрз во квалификациите за Формула 1.

Холанѓанецот во квалификациите за Големата награда на Велика Британија стигна до седмата пол-позиција оваа сезона и 27-ма во кариерата. Верстапен го престигна двократен светски шампион Мика Хакинен во вкупните пол-позиции и се искачи на десетто место во историјата.

Ред Бул освојува шест пол-позиции по ред и девет од десет во квалификации во 2023 година.

Второто место му припадна на Ландо Норис од Мекларен. Од 3 – 10 место се пласираа: Пјастри, Леклер, Сајнц, Расел, Хамилтон, Албон, Алонсо и Гасли.

Главната трка за британското Гран при во Формула 1 ќе почне во 16 часот.

OhridNews