Актуелниот светски првак во Формула 1, Холанѓанецот Макс Верстапен, победи на трката за Големата награда на Шпанија која денеска се возеше на патеката Каталуња во Барселона.

Леклер водеше и на денешната трка во Шпанија, но поради дефект на болидот се откажа во 27 круг, што Верстапен го искористи и од четвртото место се проби на водечката позиција, која до самата цел не ја испушти.
Неговиот клупски колега Серхио Перез мина втор низ целта, додека третото место го освои Британецот Луис Хамилтон (Мерцедес).
Со денешниот триумф Верстапен го презеде водството во генералниот пласман со 110 бодови, четири повеќе од второпласираниот Леклер, додека трет е Перез со 85 бодови.
OhridNews










