
Тој додаде дека не случајно една од нивните средишни активности се нарекува “Чекори за мир”.
Нашето членство, напомена Котели, е пример како треба да се соработува со сличните асоцијации од соседството. Огранокот од Охрид, кој е најброен и најактивен во земјата, соработува со ветераните од два бугарски града, како и со нивните колеги од повеќе албански градови.
Потврда за тоа беше бројната делегација со дваесетина ветерани од Република Албанија, од тамошното Здружение на грагани – поранешни припадници на армијата, предводена од секретарот на Здружението, Енвер Ајдари.
Самиот претседател, Колонел Тома Кондури, во неможност да допатува во Охрид, испрати специјалнo поздраво послание.
Во Охрид беа и претседателот на огранокот за Корча, Кочо Теле, за Поградец, Перикли Дима, а беше донесена одлука, во иднина, во соработката да се вклучи и огранокот за Пешкопеја, односно Мал Дебар.
Домаќините од Охрид, заедно со гостите од Албанија, како и од Тетово, Кичево, Дебар и други градови во земјата, најнапред другаруваа низ спортски активности и натпревари во дисциплионите: шах, стрелаштво, пинг понг и пикадо, а потоа имаа заеднички ручек и веселба во хотелот “Нова Ривиера” во Охрид.
OhridNews











