Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против 22-годишно лице од село Вевчани, струшко за сторено кривично дело „насилство“.

Според информациит ена МВР, на 29-ти август, во струшкото село Драслајца, по завршување на фудбалски натпревар, пријавениот, изреволтиран поради изгубениот натпревар, физички нападнал 20 годишно лице кое на натпреварот учествувало како голман на една од екипите.

OhridNews