Како гром од ведро небо одекна информацијата за трагичната смрт на Коби Брајант, неговата ќерка Џана и уште седум лица кои се наоѓаа во хеликоптерот кој се сруши во близа на Лос Анџелес. НБА лигата загуби еден од синонимите за успех, а кошарката голем виртуоз. Спортските ѕвезди ширум светот, пак, со емотивни пораки се збогуваат од популарната „Црна мамба“.

Се трудам на напишам нешто убаво, но не ми доаѓа. Прснав од плач кога слушнав дека си починал и дека ќе те нема. Жал ми е за тебе, жал ми е за Џана и за твојата фамилија. – напиша на Твитер легендата на ЛА Лејкерс, Меџик Џонсон.

Во шок сум за трагичните вести околу смртта на Коби и Џана. Ниту еден збор не може да опише каква болка чувствувам. Го сакав Коби. Тој ми беше како помал брат. Често разговаравме и ќе ми недостига многу. Тој беше неверојатен кошаркар, еден од најдобрите и најголемите креативци на оваа модерна НБА лига. Беше невeројатен татко и сопруг. Сочуство за Венеса. – се огласи Мајкл Џордан.

Голема трагедија во која загубив брат, пријател, партнер…Останав без Џана, супер девојка. Освојувавме титули, се радувавме заедно, а сега јас тагувам поради него. Голема загуба која засекогаш ќе остави голема празнина во сите нас. – се збогуваше Шекил Онил.

Синоќешните натпревари во НБА лигата почнаа со минута молк. Сан Антонио и Милвоки не играа во првите 24 секунди во чест на Коби Брајант. Екипата на Далас најави повлекување на дресот со број на 24.

OhridNews

 

Официјално: Не пет, туку девет лица починаа во хеликоптерската несреќа! (видео)

Трагедија во НБА: Коби Брајант загина во хеликоптерска несреќа (видео)