
Целта на проектот е спортско-рекреативните активности, да се понудат и да станат возможни и достапни за децата со попреченост, а со тоа да се влијае врз зачувување и унапредување на нивното психо-физичкото здравје.
Соработка помеѓу Центарот за сензорна терапија „Во мојот свет“ од Охрид, Лајонс клубот „Лихнидос“ и наставничките по физичко и здравствено образование Валентина Караѓуле Модева и Кате Бујароска Анѓелеска како подносители на проектот, овозможи ваквите активности да станат реалност за децата со попреченост.
Активностите содржат вежби и игри адаптирани на возраста, можностите и потребите на децата, а се изведуваат секој вторник и четврток со почеток во 17.30 часот, во ИБ фитнес центар.
Предвидените активности завршуваат на 31 ви декември, со новогодишна желба од реализаторите, но и од децата и родителите, оваа идеја да биде препознаена како потребна и значајна и да се изнајдат начини за нејзина реализација во иднина.
Соработките од ваков тип, каде физички и правни лица, од различни бранши но со иста визија, мотив и цел, поддржани од о пштините се темел на значајни позитивни промени во општеството.
Продолжување на проекти од ваков тип и вклучување на поголем број на деца со специфичен и типичен развој во заеднички тимови, покрај главната цел би исполниле и дополнителни цели како: следење на правилата и почитување на своите соиграчи, взаемно помагање и надополнување, толеранција, чувство на емпатија и прифаќање, велат стручните лица вклучени во проектот.
OhridNews











