Припадници на резервниот состав при СВР Охрид утре, недела, 25 октомври, од 8 часот ќе спроведат вежбовно гаѓање со боева муниција на стрелиштето „Бејбунар“ во Охрид.

Од СВР Охрид информираат дека пред почетокот на вежбата ќе биде извршена теренска обиколка и ќе биде обезбедено поширокото подрачје на стрелиштето, за да се спречи влез на граѓани во безбедносните зони.

Медицинското обезбедување ќе го вршат екипи на ЈЗУ „Здравствен дом“ – Охрид.

Полицијата апелира до граѓаните што се движат во овој дел да ги почитуваат ознаките и натписите за забранет пристап, да не се задржуваат во безбедносните зони и целосно да ги следат насоките на полициските службеници.

OhridNews